САН АНТОНИО НЕ ГРЕШИ, БАРЕМ НЕ ВО ПРВИТЕ ДВА ОБИДА
Објавено на: 24.06.2023
Екипата предводена од Грег Попович не знае да промаши кога станува збор за првиот пик на драфтот, последните 30-тина години, па и повеќе. Двапати претходно бираше, двапати избра голем шампион.

Сан Антонио Спарс го избраа за прв пик на драфтот, францускиот интернационалец Виктор Вембањана (2004). Дали овој потег ќе биде само продолжување на традицијата која вели – ако е пик број 1, ако е во Спарс и ако е центар, титулата е неизбежна.
Претходните прогнози иостварувања на Спарс, заедно со последната:
Дејвид Робинсон (1987)
Тим Данкан (1997)
Виктор Вембањана (2023)