Фудбал

МБАПЕ ГО ИМА ЏОКЕРОТ ЗА ПРЕСЕЛБА ВО РЕАЛ

Францускиот ас не сака да остане во Париз и најави заминување од ПСЖ, а газдите на шампионот на Франција не сакаат да го пуштат за џабе. Два момента се клучни.

Наводно, Перез договорил трансфер за 200 милиони евра плус 50 милиони за бонуси уште ова лето, затоа што следното Килијан Мбапе е слободен играч и би заминал бесплатно, на што одговор имаат сопствениците на ПСЖ кои го плаќаат Мбапе 72 милиона евра годишно – тие рекоа дека ако не потпише продолжување до 2025, ќе го продадат напаѓачот, но не кажаа каде.

На крајот на сагата, клучот е кај Килијан Мбапе – 150 милиони евра кои му ги должат од ПСЖ затоа што минатото лето остана во француската престолнина. Дали постои таен договор меѓу Мбапе и Перез за оваа сума, која би ја намалило за 3/4 вкупната за неговиот трансфер?

Чудна појава е фудбалот, се е можно…