Фудбал

КАКО СЕ ВИКА ИГРАЧОТ И КАКО СЕ ВИКА ПОТЕГОТ?

Се сеќаваме на едни романтични фудбалски времиња кога оваа прекрасна игра им припаѓаше на сите и повеќе екипи имаа водечка улога во светот на најпопуларниот спорт на сите времиња.

Еден таков играч и една таква екипа беа Тадеи и Рома, а еден вонсериски дриблинг се случи на една средба од Лигата на шампионите:

Дриблингот се случи на мечот Рома – Олимпијакос (1:0) на 18-ти октомври 2006-та година. Потегот го доби името „Аурелио“ по името на асистентот на домашната екипа, Аурелио Андреацоли кој го охрабри играчот на својот тим да го пренесе овој потег од тренингот на натпреварот.