Фудбал

МОЌНАТА ПОРАКА НА ЏИМИ БАТЛЕР, ТИТУЛАТА ВО МАЈАМИ?

Нема историја за Бостон, туку ново финале за Мајами. Џими Батлер игра во втората финална серија за големиот пехар во НБА лигата, откако тој и Хит ги елиминираа Селтикс со 4:3 во финалето на Истокот.

На церемонијата на доделувањето на пехарот, на Батлер му беше понудено да го крене одличјето, а тој најладнокрвно на целиот свет, изјави: „Не, благодарам, ќе го кренам следниот!“.

Ќе успее ли да му донесе титула на тимот на Хит, што би била прва по ерата на Леброн?