БАРСЕЛОНА И МАЈАМИ КОВААТ ЗАВЕРА ПРОТИВ ПСЖ, ЌЕ ГО КРАДАТ МЕСИ
Објавено на: 31.05.2023
Францускиот весник Лекип пренесува една неверојатна сторија, во која се поврзани екипите на Барселона и Интер Мајами, а која треба да заврши со хепиенд за симпатизерите на каталонската гордост кои сакаат да го видат нивниот миленик повторно во дресот на нивната екипа.
Барселона работи заедно со Интер Мајами на случајот Лео Меси, кој не сака да игра во ПСЖ.

За да се надминат финансиските непријатности во кои е западната Барселона, Интер Мајами треба да го потпише Лионел Меси, а потоа веднаш да го прати на позајмица во Каталонија која ќе трае 6-18 месеци.

Најверојатно, во целиот дил, Интер Мајами ќе го добие Меси на крајот на неговата кариера, а тој, пак, ќе игра на врвно ниво до Копа Америка во 2024-та година.