ФЕЛИКС ПРВАТА ЖРТВА НА ПОЧЕТИНО?
Објавено на: 30.05.2023
Нов тренер, нова филозофија, нови ветришта. Така е не само во Челси, туку насекаде каде што се игра врвен фудбал, особено кога на клупата доаѓа „месија“ кој треба да создаде своја слика и да остави свој личен печат.
Жоао Феликс следната сезона нема да биде дел од екипата на Челси. Така реши новиот стратег Маурисио Почетино, кој го направи првиот голем „рез“ во утробата на лондонските сини. Играчот кој беше доведен на позајмица, за големи нешта, си оди со мал впечаток од Стемфорд Бриџ.

Маурисио не информира дека Фелиск ќе се врати кај нас. Тој не смета на него. Ќе видиме што ќе се случува. Немаме никаков план со него. – рече претседателот на Атлетико Мадрид, Черезо.

Со оглед на тоа дека се враќа кај еден од стратезите кои не толерираат „предавства“, читај Диего Симеоне, што мислите, каде ќе заврши Феликс следната сезона?