ОТПУШТЕН ДАБО КОЈ ПРОМАШИ ПЕНАЛ ЗА ПРЕМИЕРЛИГА
Објавено на: 30.05.2023
Замислете цела сезона да играте на високо ниво, да се надевате дека ќе се пласирате во елитното натпреварување, да бидете на чекор до остварување на сонот и еден пенал да ви ја реши судбината.
Фанкати Дабо го промаши последниот пенал во рулетот во финалето на Чемпионшип, по што Ковентри Сити реши да му врачи отказ. Ова е вистинска илустрација на фразата – суровоста на модерниот спорт.

Се сеќавате ли на голманот на Ливерпул кој во финалето против Реал Мадрид прими два неверојатни („авто“)гола? Ќе се опорави ли Дабо по вирусот „Кариус“ кој го зафати во мечот против Лутон Таун?