Фудбал

ЗОШТО КУРТОА Е НА СТРАНАТА НА ЛУКАКУ, А НЕ СО ДЕ БРУЈНЕ?

Во финалната пресметка во Лигата на шампионите, ќе се соочат екипите на Манчестер Сити и Интернационале, каде настапуваат белгиските интернационалци Кевин Де Брујне и Ромелу Лукаку. Тибо Куртоа има емоции кон едниот, но не и кон другиот.

На прашањето кој би сакал да го освои пехарот, голманот на белгиската селекција и чувар на мрежата на Реал Мадрид беше на страната на играчот на италијанската екипа:

Би сакал Ромелу да победи, Го знам малку подолго од Кевин и имам многу почит кон него.

Зошто Куртоа е на страната на Лукаку? Дали поади елиминацијата на Реал токму од Сити, или има нешто друго? Овие двајца имаат неславна заедничка историја, која оди некако вака:

Sportsbignews.com:

Девојката на Кевин, Каролин Лијнен спиеше со Куртоа и тоа беше времето од кое Кевин и Куртоа повеќе не се гледаа како пријатели. Каролин призна дека го изневерувала своето момче и отишла да спие со Куртоа, кога го запознала во Мадрид.

Таа, исто така, призна дека Куртоа и го дал најдобриот емоционален третман досега. Таа изјави дека Кевин прв ја изневерил и ова било акт на одмазда.

Кој ќе победи во финалето на ЛШ, Интер или Сити?