ЧИЈА Е ТРОЈНАТА КРУНА, ОСВОЕНА НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 24 ГОДИНИ?
Објавено на: 26.05.2023
Малку се клубовите кои во својата историја успеале да освојат тројна круна во рамките на една сезона – трофејот во националното првенство, националниот Куп и трофејот во Лигата на шампионите на УЕФА.
На една англиска екипа и појде од рака токму ова:
Манчестер Јунајтед триумфира во ЛШ против доминантниот Баерн Минхен во финалето со неверојатниот пресврт во последните 2-3 минути од мечот.
Во Англија пехарот беше освоен со само еден единствен бод предност пред Арсенал – Јунајтед имаше 79, а топџиите 78 бода на табелата по 38 кола.
Во Купот на Англија беше совладан Њукасл со 2:0, што беше првпат некој тим да ја освои двојната англиска фудбалска круна по трет пат во историјата.
Дали е ова најтесната и најспектакуларна тројна круна во историјата?

