Кошарка

КОЈ СЕ СЕЌАВА НА ОВАА СЦЕНА?

По завршувањето на нивните кариери, Мајкл Џордан и Скоти Пипен заминаа секој на своја страна, исто како што живееја додека играа за франшизата Чикаго Булс. Едно е неспорно – тоа е најдоброто дуо што некогаш спортот го видел, генерално, не само кошарката.

Тимот на Булс предводен од Џордан и Пипен беше едноставно непобедлив. Џордан ја смени кошарката, а Пипен не беше доволно платен затоа што не успеа(л) соодветно да се договори со тогашниот сопственик Ранјсдорф. Денес, Пипен фрла со дрва и камења по тоа време.

Џордан беше ужасен играч пред да дојдам јас во Чикаго. Леброн, статистички, е најдобриот играч на сите времиња.

Има многу вистина во овие тврдења на Пипен, можеби не целосно, но прашањето е зошто Скоти напаѓа по грбот на поранешните соборци, во епските НБА битки за 6-те прстени кои ги освоија заедно, без ралзика кој на кое ниво функционираше?

Кој се сеќава на оваа сцена, кога Пипен го повикуваше во етер во живо Џордан да се врати, во периодот кој МЏ беше „на пауза“ и играше бејзбол?