ХОРОРОТ ШТО ГО ЧЕКА РЕАЛ НА ЕТИХАД СЕ ВИКА – СИТИ
Објавено на: 16.05.2023
Не е насловот грешка или обид во кој наводно сме се обиделе да се правиме паметни, па испаднало дека не сме. Нормално дека на Етихад, Реал ќе биде пречекан од Сити, но има нешто многу подлабоко од името, во името на клубот кој ќе биде домаќин на реваншот во 1/2 финалето во ЛШ.
Најтрофејната европска екипа со 14 титули зад себе, од кои 4-5 во поновата историја со Хитчког+Спилберг сценарија, не се плаши од предизвици и сака да и пркоси на историјата, но во возвратниот дуел против сината екипа од Манчестер, ќе треба да се судри и со реалноста, која за 2023-та година, вели:
14/14 победи на домашен терен
49 постигнати гола
7 примени гола

Има ли јунак што ќе им се спротивстави на граѓаните на Пеп Гвардиола, кој конечно е решен да го донесе ушкото во витрините на арапската инвестиција?
*Првата сезона во ЛШ за Манчестер сити беше 2011/12, колку за потсетување, и тоа не како шампиони туку како третопласирана екипа благодарение на новиот формат на УЕФА (1997/98) која од страв да не се формира паралелно натпреварување, дозволи и други екипи освен победниците на првенствата да бидат дел од елитата…