АНТОНИО КАСАНО: АКО ТРЕНЕРИТЕ СЕ СМЕНАТ, РЕАЛ ЌЕ ЈА ПОБЕДИ РОМА СО 10-0
Објавено на: 14.10.2026
Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано, во интервју за мадридски „АС“ во пресрет на дуелот на Рома и Реал Мадрид рече дека Џанпјеро Гасперини е многу подобар тренер од Жозе Мурињо.
Рома има фантастичен тренер, а Реал Мадрид нема затоа што Мурињо не сака да игра фудбал, туку само сака да зборува. Неверојатно е што Реал Мадрид, најсилниот тим во историјата, го потпиша Мурињо. Не разбирам како Флорентино Перез можеше да го избере него. Да ги сменевме тренерите и Гасперини да беше на чело на Реал Мадрид, ќе победеа со 10-0, смета Касано.
Според Касано, Реал Мадрид е посилен и типува дека гостите имаат 80% шанси за победа.