Фудбал

ШМАЈХЕЛ И РУНИ СО ПОРАКА ДО РАКОВОДСТВОТО: „КАРИК МОРА ДА ДОБИЕ ОТКАЗ“

Манчестер јунајтед се соочува со нов бран критики по слабите резултати, а англиските медиуми шпекулираат дека раководството размислува за смена на тренерот Мајкл Карик. Засега нема официјална потврда дека клубот донел таква одлука.

„Црвените ѓаволи“ се без победа на последните пет натпревари, а сезонава имаат само две победи на девет средби.

Легендарниот голман на клубот, Питер Шмајхел, смета дека Карик не е вистинскиот човек за враќање на Јунајтед на врвот.

„Тој не е човекот што може да го врати Манчестер јунајтед на врвот. Раководството треба да го отпушти денеска или утре. Вака не може да продолжи“, изјави Шмајхел, кој го критикуваше и тактичкиот пристап на тимот.

Незадоволство изрази и Вејн Руни, кој смета дека тренерската кариера на Карик досега не ги оправдала очекувањата.

„Манчестер јунајтед е преголем залак за него. Имаше одлична играчка кариера, но како тренер не ги постигна посакуваните резултати. Клубот мора што побрзо да реагира“, порача Руни.

Во меѓувреме, меѓу потенцијалните кандидати за негов наследник се споменуваат Антонио Конте, Еди Хау, Јулијан Нагелсман и Унаи Емери. Сепак, засега станува збор само за шпекулации.