Фудбал

ЕДНОСТАВНО, ИМА НЕШТО БАКСУЗНО ВО ИМЕТО АРСЕНАЛ

Ниту една друга екипа во историјата на врвниот елитен англиски фудбал, не прокоцкала толку шанси за титулата, како што тоа го имаат направено лондонските црвено-бели кои сезонава водеа 9/10 од првенството, за да заглават во калта и да прошлајфуваат на крајот на шампионатот.

Арсенал има четири сезони зад себе, во кои имал водство на средината на првенството, а на крајот да не ја освои титулата. Тоа се најмногу вакви сезони зад името на една од најславните англиски екипи:

• 1996/1997
• 2002/2003
• 2013/2014
• 2015/2016

Ако е за утеха, Арсенал и официјално е единствената екипа од Лондон, која следната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, иако не успеа да ја освои титулата и ја загуби од Сити. Топџиите се втори и ќе мора да се утешат со Топ 4 пласманот во Премиерлигата.