УЛТРАСИТЕ НА МИЛАН ДОЈДОА ПРЕД МИЛАНЕЛО, БАРААТ ПОБЕДА ПРОТИВ ИНТЕР
Објавено на: 14.05.2023
Дуелот на Милан во вторник на „гостински“ терен против Интер е можеби натпреварот кој би ја спасил сезоната на росонерите, откако се поизгледно е дека место во Лигата на шампионите преку италијанското првенство нема да дочекаат.
Откако вчера загубија од Специја и беа „пеени“ од фановите по натпреварот, денес околу 500 до 1000 навивачи се уплатија пред Миланело, тренинг кампот на Милан да им дадат поддршка во подготовките пред натпреварот со Интер. Пред нив излегоа сите играчи да им дадат аплауз, Стефано Пиоли, Паоло Малдини и Рики Масара.
Добра вест за росонерите е што денес, Рафаел Леао тренираше заедно со екипата и најверојатно ќе започне од првата минута во вторник.