НЕ Е САМО ХАКИМИ, ТУКУ И ТЕЈТУМ Е ВО ИСТАТА ПОЗИЦИЈА
Објавено на: 14.05.2023
Неодамна, фудбалската ѕвезда Ашраф Хакими беше под закана да го изгуби богатството, откако неговата многу повозрасна сопруга реши да поднесе барање за развод, затоа што мароканскиот фудбалер беше обвинет за силување.
Процесот се уште трае, но сега веќе поранешната сопруга на Хакими не доби ниту денар, затоа што целата заработувачка одела на сметката на мајката на Хакими. Во иста ситуација се наоѓа и ѕвездата на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум.

Тој нема право да ги троши парите од НБА платата, туку само средствата кои ги добива од спонзорските договори, а патем, за поголеми суми, мора да добие дозвола од неговата мајка која ги контролира сите финансии на кошаркарот.

Колку банкротирани спортисти познавате, поради разни пороци, дилови со агенти, инвестиции кои пропаднале, разводи и други несоодветни финансиски одлуки кои тие го донеле во нивните животи? Ова ли е вистинскиот пат да се заштити она што ќе се заработи?