Фудбал

ШТО ПРАВЕШЕ ШАКИРА НА ЧАМЕЦОТ НА ХАМИЛТОН?

Познатата пејачка беше забележана на глисерот на познатиот Формула 1 возач, за време на Гран при викендот кој се случуваше во Мајами, САД. Ферстапен победи пред Перез, Алонсо беше третопласиран, Луис Хамилтон ја освои 6-та позиција на трката.

Возачот на Мерцедес и поранешната сопатничка на Пике беа забележани на неговиот глисер, во весела атмосфера. Претходно, биле забележани во ресторан, заедно на иста маса. Шакира ја гледаше трката за ГН на Мајами, на трибините на патеката Аутодром.

Откако не е со Пике, од познатите имиња на светскиот џет-сет, Шакира прво беше забележана со Том Круз, а сега и со Луис Хамилтон. Круз е еден од најдобрите и најбогатите глумци во Холивуд, а истито важи и за Хамилтон во светот на Формула 1.