Фудбал

ВАН ДАЈК НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ТЕРИ ИЛИ ФЕРДИНАНД

По очајните резултати на еден од двата најтрофејни англиски клуба, повторно се огласија критичарите на играта на Ливерпул, кои сега удираат и по најдобриот дефанзивец на екипата.

Холандскиот интернационалец Вирџил Ван Дајк не е на нивото на Рио Фердинанд или Џон Тери, е ставот на поранешниот фудбалер, а сега спортски аналитичар, Џејсон Канди:

Мислам дека е преценет, медиумите го прават тоа што тој не е. Прави премногу грешки.

Никогаш не би можел да игра во копачките на Фердинанд или Тери. – изјави Канди.

Канди беше дефанзивец, кој играше во Премиер лигата за Челзи и за Тотенхем. Беше дел и од втората фудбалска лига во дресовите на Кристал Палас, Бристол, Ипсвич и Портсмут.