ПСЖ ЌЕ ГРАДИ НОВО СВЕТСКО ЧУДО – КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ, А КОЈ СИ ОДИ?
Објавено на: 12.03.2023
Францускиот клуб едноставно нема среќа во ЛШ, или нема знаење како да дојде до големиот ушко, кој е неостварена желба на светците и на новиот газда на тимот од престолнината.

Еве го списокот на играчи и стратегијата која треба да се спроведе во текот на летото, со цел да се изгради екипа достојна за високи дострели, според предвидените средства:
Доаѓаат:
Бернардо Силва (Сити, 80 милиони)
Виктор Осимен (Наполи, 80 милиони)
Рајан Шерки (Лион, околу 60 милиони)
Гонзало Рамос (Бенфика, околу 60 милиони)
Милан Шкрињар (Интер, слободен)
Пау Торес (Виљареал, преговори)
Ману Коне (Менхенгладбах, преговори)
Ибрахим Сангаре (ПСВ, преговори)

Заминуваат:
Нејмар
Серхио Рамос
Мауро Икарди
Абду-Лахад Диало
Леандро Паредес
Џорџино Вајналдум
Јулијан Дракслер
Кејлор Навас
Лајвин Марк Курзава

Остануваат:
Килијан Мбапе
Лионел Меси
Кристоф Галтје (тренер)?

Овие информации ги лиферува Л’Екип, што значи дека во нив има многу вистина. Ќе видиме како ќе се однесува новиот ПСЖ и дали ќе биде цел на нови исмејувања од конкурентите.