ХАВЕРЦ ЛИ Е БАКСУЗОТ?
Објавено на: 07.03.2023
Борусија гостува кај Челси, во реваншот во 1/8 финалната фаза во Лигата на шампионите. Германската екипа победи со 1:0 во првиот натпревар, но според букмејкерите, англиската е фаворит за пласман во 1/4 финалето.
Ова е чудна проекција на оние кои велат дека добро го познаваат фудбалот, со оглед на тоа што во Дортмунд видовме фудбалски стерилна екипа, чија прва ударна игла едноставно не можеше да погоди „од брегот во морето“.

Каи Хаверц се уште нема гол во компетитивните натпревари против Борусија Дортмунд, а ги има одиграно вкупно 8. Во Челси дојде од Бајер Леверкузен, каде настапуваше 4 години, а ваквиот негативен учинок му е најлош против кој било клуб.
Дали стрелецот на шампионскиот гол во финалето во ЛШ пред две години, ќе се разбуди кога ќе биде најпотребно?