КАКОВ СИН ОДГЛЕДАЛА МАЈКА ХАКИМИ?
Објавено на: 06.03.2023
Фудбалерот на ПСЖ е обвинет за силување и е вон стројот на француската екипа, додека трае расветлувањето на случајот кој го пријавила една млада дама. Наводно тој ја повикал во станот кај него и се случил немилиот настан.
Мајката на Ашраф Хакими реагира:
Моето срце ми вели дека мојот син е невин. Тој ми се заколна дека е невин. Тој е добро момче и има добро образование. Не го заслужува ова што му се случува.
Сопругата на 24-годишниот фудбалер, Хиба Абук која има 36 години, побарала развод, кој не бил инспириран од ова наводно дело туку тоа било само иницијална каписла за нешто што тлеело од поодамна.

Ќе се справи ли со овој тежок период, Ашраф Хакими?