Фудбал

ТОЛКУ ЛИ СЕ ИСФРУСТРИРАНИ ВО И ОКОЛУ ЛИВЕРПУЛ?

Три дена по славната битка на Енфилд во која домашните беа убедливи во втрото полувреме и победија со 7:0 против најогорчениот ривал во историјата, не стивнуваат реакциите кај симпатизерите на црвените.

Во ред е да победиш, во ред е и да го понижиш конкурентот, се додека тоа е во спортски дух. Но, она што го илустрираат тие, е фурстрација која тлеела со децении, поточно повеќе од две децении и датира уште од времето на Сер Алекс Фергусон.

Шкотсткиот стратег на клупата на Јунајтед покори се што можеше да се покори и освои се што можеше да се освои во Премиерлигата и на Островот, но и во Европа. Најверојатно, Ливерпул не очекуваше некој толку брзо да ги стигне и престигне големите рекорди што ги „држеше“, во англискиот фудбал.

Двата клуба имаат по 67 трофеи, а во меѓусебните 212 компетитивни пресметки скорот е 83:71 за Манчестер Јунајтед, со 58 реми дуели. Она што е битно и во во кое останува пред Манчестер се европските (ЛШ) титули на Ливерпул (6:3), во кои во модерната ера Фергусон е подобар затоа што имаше 2:1 пред Клоп да изедначи на 2:2.

Колкави ли се фрустрациите кај Редс кои не пропуштаат реченица без да го споменат зборот 7, овие денови? Знаат ли дека тетка Карма секогаш чека зад аголот?