КОЈ Е ПОГОЛЕМА ЛЕГЕНДА НА ЕНФИЛД?
Објавено на: 27.12.2022
Полемиката ќе се појави и ќе трае долги години, меѓу навивачите на Ливерпул кои го сметаат Стивен Џерард за божество пред се затоа што никогаш (1998-2015) не си замина во играчките денови иако имаше бројни и вкусни понуди, ако тука не го сметаме пензионирањето во ЛА Галакси во сезоната 2015/16.
Но, со настапите и со трофеите кои му ги донесе на клубот, Мохамед Салах се наметнува како нова икона на Енфилд иако играше за Челси, од каде преку Рома во 2017-та година слета во Ливерпул и блесна во полн сјај.
Еве ги нивните трофеи:
Стивен Џерард (504н./120г.):
2 ФА Куп
3 Лига Куп
1 Комјунити шилд
1 ЛШ
1 УЕФА Куп
1 УЕФА СуперкупМохамед Салах (195н./125г.):
1 Премиерлига
1 ЕФЛ Куп
1 ФА Куп
1 ЛШ
1 УЕФА Суперкуп
1 ФИФА Светско клупско првенство
1 Комјунити шилд
Дали титулата во Премиерлигата ќе пресуди, кој е поголема ѕвезда на Ливерпул?