ЛЕГЕНДАТА НА МИЛАН ЗА МЕСИ: НЕКОЈ ИМАШЕ СРЕЌА…
Објавено на: 26.12.2022
Во последното интервју за интернационалните медиуми, Паоло Малдини зборуваше за играчите против кои му било најтешко да игра. Дефанзивецот на Милан, важи за еден од најдобрите леви бекови во историјата.
Кариерата ја почна и ја заврши во редовите на росонерите, каде командуваше со одбраната повеќе од две децении, или поточно 24 години, од 1985-та до 2009-та година.
Во кариерата сум играл против многу големи играчи, а најтешко ми било да ги чувам Марадона, бразилскиот ас Роналдо и Платини. Против Меси не играв, затоа што тој тогаш беше повреден.
Репортерот го потпраша и рече дека Меси имал среќа, а Малдини одговори:
Не, јас имав среќа…