АРСЕНАЛ СУВЕРЕН НА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА, СЕ СМЕШКА ТИТУЛАТА?
Објавено на: 27.12.2022
Обично се вели дека кој ќе биде прв на табелата во Премиерлигата на Боксинг деј, го освојува пехарот на крајот на сезоната. Не е секогаш така и една од екипите кои низ историјата го негираат ова правило е токму Арсенал, но оваа сезона е малку поинаква.
По триумфот со пресврт (3:1) против Вест Хем, топџиите на Микел Артета имаат 40 бода на првото место со 15 одиграни средби, а на последните пет средни имаат четири победи и едно реми. Најблискиот конкурент им е Њукасл кој има 33 бода од 16 средби.
Дали титулата конечно ќе се врати во црвено-белиот дел на Лондон, по 2004-та?