ЕНРИКЕ ЌЕ БИДЕ ПОЛКОВНИК ИЛИ ПОКОЈНИК
Објавено на: 11.11.2022
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација го објави списокот на фудбалери за кои има место на претстојното светско првенство, кое ќе се одржи во Катар. На листата со имиња, нема многу големи од минатото, кои се уште играат активно и се во добра форма.

Не е редок случајот со селекторите на одредени шампионати да преземаат чекори со кои ќе ги подмладат репрезентациите, но овој радикален потег на Енрике може да значи само едно – ако Шпанија дотурка до елиминациите, тој би останал на позицијата. Но, ако Шпанија испадне во групната фаза, тогаш скоро сигурно нема да остане на позицијата.
Еве го списокот на Енрике:

Често се случува, и покрај поддршката од одредена фудбалска федерација за одреден селектор, тој да биде жртвата по евентуален неуспех и по притисокот на јавноста. Дали тоа ќе му се случи на Луис Енрике, останува да видиме во Катар. Што прогнозирате?