Фудбал

МАРКО РОЈС Е НАЈВЕРНИОТ И НАЈБАКСУЗНИОТ ФУДБАЛЕР, ВО ЕДНО

Германскиот фудбалер кој е репрезентативец на неговата земја од 2011-та година, ги пропушти поголемиот дел од големите натпреварувања поради повреди и може слободно да констатираме дека е најмалерозниот фудбалер во историјата, кога се работи за настап во националната селекција:

Марко Ројс потекнува од академијата на Борусија Дортмунд каде ги почна првите фудбалски чекори. Играше во Ален во пониските дивизии, потоа во Борусија Менхенгладбах, а откако заигра во сениорскиот состав на тимот од Дортмунд, не сака да мрдне никаде.

Добив и одбив понуда од Баерн Минхен. Јас сум играч на Борусија Дортмунд, тука е моето срце. Никогаш не би можел да го носам дресот на баварскиот клуб. – изјавил Ројс за медиумите во Германија.