Фудбал

КАТАР НЕ ДОЗВОЛУВА ФУДБАЛОТ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ПОЛИТИЧКИ И ДРУГИ ПРОПАГАНДНИ ЦЕЛИ

Ставот на Катарците е јасен – нема да ја менуваме религијата за 28 дена, период во кој ќе се игра светско фудбалско првенство во нашата земја. Ако сакате да демонстрирате за некакви права или да искажувате некакви погледи, правете го тоа на друго место и вон фудбалските стадиони.

Абдулах Ал Насари, шефот на обезбедувањето на претстојниот мундијал на ФИФА, изјави:

Ако забележиме фан со ЛГБТ знаме, ќе му го одземеме не затоа што не му дозволуваме да протестира или за да го навредиме, туку да го заштитиме затоа што тој може да биде цел на напад од страна на друг фан што седи до него.

Тие што ќе купат билети за фудбал, би требало да гледаат фудбал, а не да демонстрираат. Сите се слободни да демонстрираат за одредени права, но во општества каде тоа е прифатливо.

Светот е пред голем предизвик, кој го носи модерниот живот. Катар во никој случај нема да дозволи промоција на некакви вредности кои не ги прифаќа, а оние кои сакаат да промовираат такви вредности најавуваат дека ќе се појават на стадионите.

Ќе биде „интересно“…