Фудбал

РАМОС НА ЧЕКОР ОД ВРАЌАЊЕ ВО ШПАНИЈА, ДОБИ ПОНУДА ОД МАДРИДСКИОТ ТИМ

Легендарниот шпански фудбалер Серхио Рамос би можело повторно да се врати на теренот и тоа во шпанското првенство. Ветеранот кој има 40 години, веќе 10 месеци е без клуб, откако во јануари си замина од мексиканскиот Монтереј.

Сепак, Рамос никогаш официјално не кажа дека ја завршил кариерата, па откако летоска не најде ангажман, остана да чека нова шанса. Според шпекулациите, можно е Рамос повторно да заигра во Примера дивисион, затоа што Хетафе има преговори за негово доведување во мадридскиот тим.

Дури и претседателот на Хетафе, Анхел Торес, ги потврди преговорите со Рамос.

„Разговарав со неговиот агент, кој воедно е и негов брат. Тој е на нашата листа, би можел да ни се приклучи“, изјави Торес, кој неодамна доведе уште една поранешна ѕвезда на Реал, Дани Карвахал.

Хетафе е клуб кој е познат по својата цврста игра во одбраната, а со Карвахал и Рамос, дефанзивниот ред би добил на искуство. Рамос кој уште е во добра физичка кондиција, пред да замине во Мексико, играше за тимот на Севилја, а претходно ги има носено и дресовите на ПСЖ и Реал Мадрид. Во Кралскиот клуб помина дури 16 години.