Фудбал

АКО СПАЛЕТИ БИДЕ ИЗБРКАН ОД ЈУВЕНТУС, НОВ ТРЕНЕР ЌЕ БИДЕ АНТОНИО КОНТЕ

Јувентус во моментов има 8 бодови помалку од водечките во Серија А, Интер и Лацио, со 11 бодови во седум кола се послаби отколку по првите седум кола во минатата сезона  кога ги водеше Игор Тудор, и притисокот врз тренерот Лучано Спалети е голем.

Тудор беше избркан после осмото коло, по кое тимот имаше само 12 бодови. Јуве и сега би имал толку ако одигра нерешено во следното коло.

Особено гласни се навивачите кои сметаат дека Спалети мора да си оди, а сонот е на клупата да се врати Антонио Конте кој е слободен во моментов и живее во Торино.