Фудбал

ЧЕЛЗИ ЗА 130 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ КУПИ ДВАЈЦА ФУДБАЛЕРИ НА БАРСЕЛОНА?!

Челзи во јануари би можел да се обиде да ангажира двајца играчи на Барселона – Жул Кунде и Френки де Јонг, пренесуваат англиските медиуми.

Лондонскиот клуб наводно е заинтересиран за Кунде, кого се обиде да го доведе уште во 2022 година, пред Французинот да замине од Севиља во Барселона за 42 милиони фунти.

Неговиот профил одговара на потребите на Челзи, каде бараат засилување во одбраната. Дополнителен мотив за интересот е неизвесноста околу иднината на Мало Густо. Сепак, засега нема потврда дека двата клуба започнале преговори, а според англиските медиуми, Барселона би можела да размислува за продажба на Кунде во 2027 година.

На списокот на потенцијални засилувања на Челзи се наоѓа и Френки де Јонг. Холандскиот играч од средниот ред и претходно се поврзуваше со англиската Премиер лига, но неговото заминување во јануари засега изгледа помалку веројатно.