Фудбал

БАРСЕЛОНА БЕЗ КОМПЛЕТНАТА ДЕФАНЗИВА ПРОТИВ ПСЖ

Барселона ја очекува сериозен предизвик на гостувањето кај ПСЖ во третото коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите. Тренерот Ханси Флик се соочува со големи проблеми во одбраната по повредите на неколку фудбалери.

По убедливата победа од 5-2 над Бетис, каталонскиот тим остана без Жул Кунде и Ерик Гарсија, кои нема да играат во Париз. Според медиумските информации, Гарсија би можел да ги пропушти и следните пет натпревари, вклучувајќи го и дуелот со Реал Мадрид.

Дополнителен проблем за Флик е повредата на Андреас Кристенсен, додека Жерард Мартин исто така се пожалил на проблеми и бил заменет на полувремето против Бетис.

Поради недостигот од дефанзивци, се појавија шпекулации дека Флик би можел да го користи Френки де Јонг или Родри во централниот дел од одбраната. Останува отворено и прашањето кој ќе ја покрие десната бековска позиција.

Ситуацијата со Кунде е нешто подобра, па постои можност Французинот да се опорави до саботниот дуел со Реал Мадрид. Сепак, Барселона најпрво ќе мора да најде решение за тешкото гостување кај актуелниот европски шампион.