Мотоспорт

КАВГИ ВО РЕД БУЛ, ЗОШТО ВЕРСТАПЕН НЕ МУ ЈА ВРАТИ УСЛУГАТА НА ЧЕКО ПЕРЕЗ?

Навистина бизарна ситуација се случи вечерва во Бразил, откако Макс Верстапен не ги послуша наредбите на своите тимски шефови да го пропушти Серхио Перез, на кого му се потребни бодови во битката за втората позција со Чарлс Леклер.

Имено, Холанѓанецот е веќе шампион и не му се потребни поени, односно нема да влијаат никако на генеалниот пласман, а за разлика од него, неговиот тимски колега е во битка со Моначанецот од Ферари за втората позиција. Сепак, иако Макс беше побрз од Перез, од таборот на Ред Бул четири круга го молеа Ф1 шампионот да го пропушти неговиот тимски колега, што на крајот не се случи.

По поминување на целната рамнина, Макс Верстапен преку тимско радио им се обрати во пит ѕидот:

Ви кажав и летото, не сакам од мене да барате такви работи. Во ред? Сум кажал зошто и стојам зад тоа.

 

За да биде уште побизарно, од Ред Бул му ветија на Перез дека ќе ја добие позицијата на Верстапен, а откако трката заврши и тоа не се случи, Мексиканецот „распали“ по неговиот тимски колега.

Ви благодарам за услугата. Тој само покажа каков човек е.

 

Кристијан Хорнер му се извини на Перез преку тимското радио, а скандалот се разгоре по трката откако Мексиканецот посочи дека двете титули на Верстапен се негови заслуги.

 

Не разбирам зошто тоа го направи после се што направив за него. Благодарение на мене, тој има две шампионски титули.