УРУГВАЈЦИТЕ СЕ ФАВОРИТИ ОД СЕНКА НА СП
Објавено на: 12.11.2022
Селекцијата на јужноамериканската земја има богата фудбалска историја, но сето тоа што го има во витрините, се случувало многу одамна.
На вкупно 14 учества на големите натпреварувања на ФИФА, уругвајските фудбалери двапати ја освојувале титулата – во 1930-та и во 1950-та.

Нуњез е во пеколна форма пред СП во дресот на Ливерпул, Валверде е незаменлив во Реал, Суарез освои титула во националниот шампионат, Кавани го игра последното СП, Бетанкур игра се подобро во Тотенхем.
Имаат ли шанса сега, од позадина да се надеваат на голем резултат, со оглед на тоа што во својот состав имаат неверојатни фудбалски имиња?