ЗОШТО ЛЕКЛЕР ГО ПОБЕДИ ФЕСРТАПЕН?
Објавено на: 20.03.2022
Првата причина е затоа што му го украде првото стартно место во последниот квалификациски кург на првата трка во новата Формула 1 сезона, која, ако денот по утрото се познава, ќе биде мега-возбудлива.
Втората причина, е затоа што ја доби битката во првиот свиок со актуелниот шампион. Потоа имаше 3.7 секунди предност при влегувањето за првиот пит-стоп.
Третата е затоа што се врати во предност, откако ја загуби во првиот свиок од 17 круг, но ја врати во четвртиот – битка која имаше уште една ваква реприза во 18-тиот.
Во 19-тиот, на Ферстапен му се заглави предното тркало и се излизга, а Леклерк продолжи во водство, кое беше недостижно до крајот. Возачот на Ферари беше трпелив и стабилен во текот на целата трка, а претходно и во квалификациите.
Овие момци напред се едноставно на друго ниво, а ние не сме доволно брзи да им парираме. – призна и Луис Хамилтон од Мерцедес.
Кликнете на линковите, кои ќе ве одведат на официјалниот Ф1 канал на YouTube, каде може да ги гледате и квалификациската и битката на Трката за ГН на Бахреин 2022.