ЗОШТО ФАТИ ОЧАЈНО Е ПОТРЕБЕН ВО БАРСЕЛОНА
Објавено на: 20.10.2021
Роналд Куман излезе во јавноста со уверување дека каталонската гордост е блиску до потпишување нов договор со новата ѕвезда на фудбалот, кој патем ја доби 10-ката по заминувањето на Меси, талентираниот младинец на Херера и Севиља, Ансу Фати (18).

Барселона го објави грандиозното здание кое има намера да го изгради, новиот комплекс со соларни панели на кровот на стадионот Камп Ноу, кое ќе чини милијарди евра. Таа инвестиција мора некако да се исплати, затоа што е кредит, а Блауграна веќе е во долгови и пред финансиски колапс.

Ќе се спасат ли Каталонците, ќе ги спаси ли Фати?