Фудбал

РЕШАВАЧКИ МЕЧЕВИ ЗА МИЛАН И ИНТЕР

Миланезите гостуваат кај Порто, а нероаѕурите играат дома со Шериф во клучните натпревари за двата клуба во Лигата на шампионите, сезонава. Италијанските гиганти се на јажињата и мора да победат, ако сакаат да ја видат европската пролет.

Интер се уште нема постигнато гол во групата, се наоѓа на третата позиција со 1 бод. Има пораз 0:1 од Реал и реми 0:0 во Украина кај Шахтар. Милан одигра две драми до тажен пресврт-крај – 3:2 пораз од Ливерпул и 1:2 пораз од Атлетико Мадрид.

Ќе преживеат ли градските ривали?