Фудбал

РЕАЛ МАДРИД СО БРОЈНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЗЛАТНАТА ТОПКА

Реал Мадрид, кој во изминатите две години ја бојкотираше церемонијата за доделување на „Златната топка“, овојпат ќе има бројни претставници на свеченоста во Лондон, објавија француските медиуми.

Во 2024 година, „кралскиот“ клуб го откажа присуството откако дозна дека Родри ќе го добие признанието пред Винисиус. Една година подоцна, единствена претставничка на Реал во Париз беше фудбалерката Каролин Веар.

Овојпат клубот ќе испрати голема делегација, во која ќе бидат и номинираните Килијан Мбапе, Марк Кукуреља, Џуд Белингам и Винисиус.

Фудбалери и членови на Реал се номинирани и во други категории. Тибо Куртоа е меѓу кандидатите за најдобар голман, Јан Диоманде за млад фудбалски талент, а Фелиција Шредер за најдобра млада фудбалерка.