Фудбал

ЗГРЕШИ ЛИ ЈУНАЈТЕД СО РОНАЛДО

Медиумската хајка во Премиерлигата, против Солскјер, не престанува – тој е обвинет дека нема аввтроритет во соблекувалната, дека нема стратегија и дека избрал група на добри индивидуалци кои заедно играат под нивните поединечни можности.

Резултатите го кажуваат тоа, а трансфер прозорец во кој ќе ги донесеш Санчо, Варан и Роналдо, знаејќи дека последниот едноставно не игра пресинг и не е во години кога може да го прави тоа, па да зависиш од индивидуалните искри кои ги очекуваш од ѕвездите, е грешка на тренерот, односно менаџерот.

Сити само им направи фора со „лажниот“ интерес, колку да му ја крене цената на Португалецот и да го „ослабне“ противникот кој би купил „некомплетен“ играч?