ЗОШТО Е СИМБОЛИЧНА 30-КАТА НА ГРБОТ НА МЕСИЈАТА НА МИЛАН?
Објавено на: 25.11.2021
Жуниор Месиас го постигна голот за победа на гостувањето кај Атлетико во Мадрид, со што (0:1) екипата од Милано остана жива во обидот да се пласира во следната фаза во Лигата на шампионите, каде се врати по 7 сезони.
На Милан ќе му треба победа во последното коло против Ливерпул, но ништо не се знае до завршувањето на мечот меѓу Порто и Атлетико. Ливерпул е сигурен на врвот со 15 бода, Порто има 5, Милан и Атлетико по 4.
🎥 Junior Messias’ winner for Milan against Atletico Madridpic.twitter.com/hARHWHxFnB
— Milan Eye (@MilanEye) November 24, 2021
Настрана математиките, херојот на миланезите носи бројка на грбот која во себе содржи многу симболика – бразилскиот фудбалер има 30 години, пред 3 години дебитира во професионалниот фудбал, на Ванда Метрополитано го постигна првиот гол за росонерите.

Месиас е роден во Бело Хоризонте во 1991-та година, се пресели во Италија во 2011-та заедно со сопругата и синчето, професионалниот фудбал го запозна во Серија Ц во 2018-та, работел и како доставувач на пици со цел да преживее, позајмен е од Кротоне со опција да биде откупен.
Голот против Атлетико е најважен во мојата кариера. – изјави Месиас.