Фудбал

ХАОС ВО СЛОВЕНИЈА ПРЕД ЕВРОБАСКЕТОТ: ДРАГИЌ ОТПАДНА ОД СПИСОКОТ ПО СУКОБ СО СЕЛЕКТОРОТ

На точно две недели до стартот на Евробаскетот, во редовите на словенечката кошаркарска репрезентација атмосферата е нарушена од страна на селекторот Александар Секулиќ и Зоран Драгиќ.

Имено, меѓу двајцата дошло до сукоб по пријателскиот натпревар против Германија во кој Драгиќ одиграл само три минути, по што селекторот одлучил да го отстрани искусниот кошаркар од списокот на играчи со кои планира да се појави на континенталниот собир.

Ова е голема загуба за репрезентацијата која во 2017 година ја освои европската титула, ако се знае дека Лука Дончиќ ќе има минимална поддршка со оглед на моменталниот квалитет кој е во ростерот.

Од претходно словенечката селекција мораше да го прифати неиграњето на Влатко Чанчар, кој не доби одобрување од Олимпија Милано да настапи на Евробаскетот, а потегот на италијанскиот евролигаш беше јавно критикуван од страна на Дончиќ.

Словенија на шампионатот ќе се сретне со Полска, Франција, Белгија, Исланд и Израел во групата Д.