Фудбал

БАРСА И ВИЉАРЕАЛ ЌЕ ИГРААТ ВО МАЈАМИ, ЗА НАВИВАЧИТЕ БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ И БИЛЕТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ

Барселона и Виљареал добија одобрување од управата на Ла Лига да одиграат првенствен натпревар на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, кој според распоредот за сезоната 2025/26 треба да се одигра на 21 декември во рамките на 17-тото коло од шампионатот во Шпанија.

Ова е трет обид на Барселона и конечно успешен да организира дуел од Ла Лига во САД, секако од маркетинг и финансиски цели да одигра првенствен натпревар на Флорида, откако претходно не им успеа идејата на Каталонците да се сретнат со Жирона во 2019 година, односно во ланската сезона со Атлетико Мадрид исто така во Мајами.

По овој повод, претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг, донесе одлука клубот да ги покрие трошоците околу патувањето до Мајами, како и билетите за самиот натпревар, само на навивачите кои веќе имаат купено сезонски билети. Со оглед на тоа дека според распоредот Виљареал треба да е домаќин на Барса, навивачите со сезонски билети кои нема да бидат во можност да отпатуваат за САД за да го проследат натпреварот во живо, ќе им биде исплатен назад 20% од износот на сезонскиот билет.

Инаку, по одобрувањето од Ла Лига, Барса и Виљареал сега чекаат „амин“ и од УЕФА и ФИФА, да се направи исклучок бидејќи според правилникот на Светската фудбалска куќа, забрането е да се играат првенствени натпревари во други држави.