АНДАЛУЗИЈЦИТЕ ВО НЕБРАНО НА ДЕН ПРЕД СТАРТОТ СЕЗОНАТА: САМО 12 ПРВОТИМЦИ СЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ДУЕЛОТ СО БИЛБАО
Објавено на: 14.08.2025
Севилја е во незавидна ситуација само на еден ден пред стартот на сезоната во Ла Лига. Тренерот Матијас Алмеида има на располагање само 12 регистрирани првотимци, иако претходно деновиве клубот доведе тројца нови играчи.
Андалузијците сезоната ја стартуваат во недела против Атлетик Билбао, а поради моменталната финансиска ситуација и строгите правила на Ла Лига околу платите, Севилја не може да ги регистрира Алфонс Гонзалес и Габриел Суазо, кои потпишаа како слободни играчи, а истото важи и за голманот Осидеас Влаходимос кој пристигна на позајмица. Поради тоа, Алмеида на клупата ќе располага со резервни играчи и младинци за дуелот против Билбао.
Според шпанските медиуми, Севилја треба да продаде неколку фудбалери со цел да ги регулира финансиите и да може да регистрира нови членови, како и да носи уште засилувања. На излезна врата се Хуанли и Лоик Баде, а многу веројатно ќе биде продаден уште некој од играчите кои лани го напуштија клубот привремено, како Ихеаначо, Јанузај, Рафа Мир и Жоан Жордан.
Како што стојат работите, 12-те достапни играчи на Алмеида за дуелот со Билбао се: Најланд (голман), Педроса, Маркао, Кармона и Салас (дефанзивци), Агуме, Гудељ и Соу (среден ред), Лукебаио, Фернандес и Ромеро (напад), додека освен Хуанлу кој треба да биде продаден, клупата за резерви ќе биде составена од млади фудбалери од школата на Севилја.
Знајеќи го ова, Билбао може да има полесна задача за да освои бодови во премиерното коло во Ла Лига, па сите треба да типуваме евентуален пораз на Севилја во недела.