РОМА СЕ РАСПАЃА: ЈУРИЌ И МАНЧИНИ СЕ СТЕПАЛЕ НА ПОЛУВРЕМЕ
Објавено на: 28.10.2024
Рома вчера доживеа дебакл на гостувањето кај Фиорентина со 4-1, уште еден резултат кој покажува колку е лоша ситуацијата во клубот.
Но, за да биде полошо, хемија меѓу Иван Јуриќ и играчите не постои, додека односот е толку непрофесионален што предводникот на Волчицата влегол во физичка пресметка со дефанзивецот Џанлука Манчини.
Инцидентот се случил во соблекувалната за време на паузата меѓу двете полувремиња, и тоа пред неколку сведоци. Ова значи дека Јуриќ наскоро ќе биде разрешен, откако не се покажа како адекватна замена за Даниеле Де Роси.