Фудбал

ЗЛАТАН ДОАЃА, НА МЕСТОТО НА ПИОЛИ

Гласно одекнува веста во италијанските медиуми, дека харизматичниот шведски пензиониран фудбалски ас, ќе се врати во редовите на росонерите во специјална улога.

Враќањето не е под знак прашалник, туку позицијата – можно е да го замени Стефано Пиоли, со Ињацио Абате како помошник, ако раководството се реши на драстичен чекор.

Според La Repubblica, разговорите меѓу Ибрахимовиќ и Милан веќе се во тек. Ибра беше дел од последниот шампионски ростер. Така беше и во 2011-та. Време ли е за кам-бек?