НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ПОЛОШ, МИЛАН ИЛИ ЊУКАСЛ
Објавено на: 13.12.2023
Двата тима играат во очајна форма во националните шампионати, пред меѓусебното соочување во елитното шампионско натпреварување каде на програмата е последното коло по групи.
Миланезте не се ни бледа сенка од екипата што пред две години ја покори Италија и потоа играше во 1/2 финалето на Лигата на шампионите, каде беше сопрена од градскиот ривал.

Англискиот клуб доби финансиска инјекција со која се окуражи и почна да реди успеси, кои сепак се само привидни затоа што нема константност во формата во текот на целата сезона.
Како ќе заврши дуелот на Сент Џејмс Парк?