Фудбал

ЛУТОН НЕ Е ВИЛА, НИТУ СИТИ Е АРСЕНАЛ

Чисто да се знае зошто синиот тим од Манчестер ја освои тројната круна минатата сезона – не дозволува изненадувања во лесните натпревари во Премиерлигата.

Јасно е дека дерби мечевите не ја решаваат титулата, туку дуелите со послабите екипи, па затоа Манчестер Сити си ја заврши работата по водството на Лутон на полувремето.

Голот на Адебајо беше неутрализиран и надминат со головите на Силва и Грилиш. Актуелниот шампион има 33 бода по 16 меча, зад Ливерпул со 37, Арсенал со 33 кој загуби од Астон Вила која има 35.

Густо е на врвот…