ЗАСЛУЖИВМЕ ЛИ ПЛАСМАН НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО?
Објавено на: 29.03.2022
По скоро три децении порази и болни резултати, македонската фудбалска селекција покажува дека Македонците знаат да играат фудбал. Не само што и граат, туку и се надигруваат со најголемите.
Последна во низата падна Италија со 0:1 на гостински терен, следува историската пресметка со Португалија за место на мундијалот во Катар. Ќе се потсетиме и на баражот со Грузија, за плсаман на ЕП.
Досега, ни одговараа двата момента – нокаут натпревари против „поценети“ противници и мечеви кои се играат на гостински терен. Каков ќе биде исходот со четата предводена од Кристијано Роналдо?