ПОРТУГАЛЦИТЕ СЕ ПРЕД БАЛКАНСКИ СИНДРОМ
Објавено на: 29.03.2022
Пред почетокот на квалификациите за следното СП, кое ќе се игра во Катар зимава 2022-ра, Португалија и Италија беа веќе видени на големиот собир на најдобрите фудбалски репрезентации.
Но, така не мислеа Србија и Македонија. Србите ја кутнаа Португалија на нејзин терен и се пласираа на мундијалот. Ова и е втора шанса, но против жилавата Македонија која не познава фаворити.
Италија ја нокаутиравме, а кога се работи за Португалците – Србите ги начнаа, ќе успееме ли ние да ги докусуриме?
Погледнете го голот на Митровиќ со кој беше срушена Португалија во групната фаза.