Фудбал

ЗА ПОЧЕТИНО, ЧЕЛСИ Е НАЈГОЛЕМИОТ АНГЛИСКИ КЛУБ ПОСЛЕДНАВА ДЕЦЕНИЈА?

Аргентинскиот стратег седна на клупата на лондонските сини и веднаш почна да „им продава суптилни четки“ на новите работодавци и навивачите, нарекувајќи ја организацијата „најголемиот клуб во Англија“ во последните 10-15 години.

Историјата на Челси е да победува и да биде на врвот. Не смееме да имаме подеми и падови. Во последните 10-12-15 години, Челси е најголемиот англиски клуб.

Беше лесно да се каже да. Ќе работиме напорно, ќе играме за да ги задоволиме навивачите кои треба да уживаат во фудбалот.

Ако алудира на двете европски титули, кои ги освои лондонскиот клуб во 2012-та и 2021-та, тогаш може и да се нарече еден од најуспешните, но да се каже дека Челси е најголемиот англиски клуб во последните 15-тина години е малку претенциозно, или не е?